Владата на Република Македонија го реализираше и вториот дел од наградата за кошаркарската репрезентација

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Согласно владината одлука, по исплаќањето на првиот дел од наградата во висина од 3000 евра по поединец, Владата на Република Македонија денеска го исплати и вториот дел од наградата од 5000 евра по поединец, со што се реализира комплетниот износ од наградата за постигнати успеси на Европското првенство на членовите на кошаркарската репрезентација на Република Македонија, кој изнесува 8 илјади евра за секој играч и член на стручниот штаб.
 
Владата, уште еднаш упатува честитки за спортскиот триумф на нашите репрезентативци и ја изразува благодарноста од нацијата за приредените чувства на среќа, радост и обединетост на сите граѓани на Република Македонија.