Компјутерски томограф во Поликлиниката „Јане Сандански“
Поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром доби компјутерски томограф вреден 19 милиони денари набавен од Владата на РМ.
На пуштањето во употреба на томографот присуствуваше премиерот Никола Груевски кој истакна дека апаратот ќе биде корисен за пациентите зашто утврдува голем број дијагностики и дека со него значително ќе се растовари работата во ГОБ „8 Септември“ и во другите болници и клиники.
- Најважно е што ќе се излезе во пресрет на граѓаните коишто живеат во оваа општина или поблиску до оваа Поликлиника, така што нема да мора да добиваат упати па да одат во други болници, да чекаат термини, рокови, редови, туку работата ќе ја завршат многу поекспресно, побрзо, а еднакво квалитетно тука, во Поликлиниката „Јане Сандански“. Ова беше потреба за која поодамна ни се укажуваше и конечно ние најдовме начин, распишавме меѓународен јавен повик за набавка на ваков апарат, истакна Груевски, кој Поликлиниката ја посети заедно со министерот за здравство Никола Тодоров.