Ѓорѓиев: Сите институции задолжени да бидат во состојба на зголемена готовност

АРМ, МВР, силите што се во состав на ДЗС и ЦУк се задолжени да бидат во состојба на зголемена готовност и оперативност, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев по состанокот на управувачкиот комитет за справување со кризи.

-Управувачкиот комитет за справување со кризи ги задолжи сите институции да бидат во состојба на зголемена оперативност, зголемана мобилност со засилување во кадар, засилување на кадар кој што се наоѓа во институциите , засилување на кадар кој што е потребен,евентуално да биде на готовност и да биде повикан за справување со сите овие предизвици и тука првенствено се мисли на АРМ, МВР и силите кои што се во состав на ДЗС и ЦУК. Бројно е засилена медицинската екипа во сите центри во градот, рече Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека ќе останат да ја следат ситуацијата, ЦУК има централна улога во рамките на овој процес и сите информации ќе бидат пласирани кон него, а потоа тој ќе дава оперативни задолженија на другите институции.