Делегација на Министерството за образование и наука, на тридневниот Светски образовен форум 2012

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од министерот м-р Панче Кралев присуствува на тридневниот Светски образовен форум 2012, кој се одржува во Лондон, Велика Британија.

Ова е единствен светски самит кој на едно место ги собира Министрите за образование и наука од целиот свет. Темата на овогодинешниот форум е „Учиме од најдобрите за светот кој се менува“ при што голем акцент ќе биде даден на влијанието на технологијата при развој на образованието, тема кој е во голем соодносот со програмата и целите Министерството за образование и наука и програмата на Владата на Република Македонија.
Во рамки на првиот ден од посетата на Светскиот образовен форум, Министерот Кралев ќе оствари средба со Британскиот Државен министер за училишта Ник Гиб како и со Министерот за образование и наука на Република Латвија Робертс Килис.