Премиерот Груевски оствари средба со претставници на асоцијациите на земјоделци


Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на асоцијациите на земјоделците, како и со индивидуални земјоделци.


На средбата на која што присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Димовски, заменикот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Зоран Коњановски и државниот секретар во Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Бесир Јашари, се разгледуваа актуелните состојби во различните земјоделски гранки.


Во оваа прилика, претставниците на земјоделците изразија задоволство од мерките и политиките на Владата во земјоделскиот сектор, а воедно изнесоа нови идеи, предлози и сугестии во насока на зголемување на развојот во оваа област.


Потенцирајќи ја континуираната поддршка во земјоделскиот сектор, претседателот на Владата изрази подготвеност, во соработка со надлежните министерства, да се разгледа можноста за реализација на предлозите и сугестии кои што беа презентирани на денешната средба.