135-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
14.05.2019 - 14:30
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (502.3 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
1 Нацрт-одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината
2 Нацрт-договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги ГЕРЕСХАЈМЕР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште
3 Нацрт-одлука за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги ГЕРЕСХАЈМЕР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште
4 Информација за Годишен финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје за период од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година, Годишната сметка за 2018 година и Ревизорски извештај за финансиското работење изготвен од независниот ревизор Друштво за ревизија АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, со Предлог-одлука
5 Информација со Предлог-одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Северна Македонија
6 Годишен извештај за работењето, Годишна сметка и финансиски извештаи за 2018 година на ЈП Службен весник на РСМ, со Ревизорски извештај и со Предлог-одлуки
7 Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавно претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ Кичево, со Предлог-одлука
8 Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем Злетовица-Пробиштип, со Предлог-одлука
9 Барање за донесување на Одлука за отстапување на 600.000 литри Еуродизел БС гориво од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, со Предлог-одлука
10 Предлог-одлука за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам (Предлагач: Управа за финансиско разузнавање)
11 Предлог-одлука за престанок и за давање движни ствари на трајно користење на Град Скопје
12 Информација за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги и план за целосна дигитализација на регистрите во Управата (Предлагач: Управа за водење на матичните книги)
13 Барање согласност за расходување на движни ствари кои се застарени и неупотребливи за понатамошна употреба, со Предлог-одлука (Предлагач: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа - Кавадарци)
14 Предлог-oдлука за изменување на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (Предлагач: Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор)
15 Предлог-Национална програма за координација и преземање на ефективни мерки за надзор на пазарот за 2019 и 2020 година, со Акциски план
16 Информација во врска со одржување на XX-тa седница на Собрание на акционери на ГА-МА АД - Скопје (XIII-то Годишно Собрание) закажано за 20.05.2019 година
17 Информација за плаќање на обврските за членството на Република Северна Македонија во БЕПС Инклузивната рамка за 2019 година
18 Информација во врска со евалуацијата на понудите за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи, со Предлог-одлуки
19 Извештај за извршени преговори со усогласен текст на Договорот за соработка на полето на животната средина меѓу Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерство за одржлив развој и туризам на Црна Гора
20 Извештај за извршени преговори со усогласен текст на Меморандум за разбирање помеѓу Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерство за животна средина и Министерство за води и шумарство на Република Романија за соработка во областа на заштита на животната средина, климатските промени и водни ресурси
21 Информација за прогресот во модернизација на ИТ системи во Министерството за внатрешни работи, како предуслов за размена на веб сервиси
22 Информација за прогрес на активностите во процесот на изработка на Стратегијата за паметна специјализација за истражување и иновации (РИСЗ) (за период јуни 2018 - февруари 2019 година)
23 Информација за прогресот на активности во реализација на акцискиот план за проектот- Фузионирање на здравствени домови со општи болници во општините каде тоа е потребно
24 Информација за прогресот на процесот на акредитација на осумте биохемиски лаборатории по ISO 15189
25 Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП)2019/87 на Советот од 21 јануари 2019 година за спроведување на Одлуката 2013/255/ЗНБП за рестриктивни мерки против Сирија
26 Барање на Месут Озтурк за прием на државјанство на Република Северна Македонија по член 11 од Закон за Државјанство
27 Барање на Сејфетин Куртиш за прием на државјанство на Република Северна Македонија по член 11 од Закон за Државјанство
28 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност - Кочани
29 Предлог-одлука за изменување на одлуката за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Здравствен дом - Вевчани
30 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Државниот студентски дом „Скопје“ - Скопје
31 Предлог-одлука за престанок на користење на недвижна ствар на Националната установа Центар за култура - Битола и Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижна ствар на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија - Скопје
32 Понуда од нотар Ана Брашнарска од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.57532 за КО Центар 2 на КП бр.265 викано место/улица Железничка
33 Кадровски прашања /135/
34 Прашања и предлози /135/
35 Извештај за реализацијата на судскиот буџет за 2018 година
36 Информација за направени трошоци за сервисирање на блиндирани патнички моторни возила сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија
37 Финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје за период од 01.10.2018 година до 31.12.2018 година
38 Финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година
39 Финансиски извештај за работењето на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Ц.О. Скопје за период од 1.10 до 31.12.2018 година
40 Извештај за реализација на средства од програмите за финансиска поддршка во земјоделството, руралниот развој и рибарство со аквакултура за 2018 година
41 Извештај за работата на Државниот завод за индустриска сопственост за 2018 година
42 Акциски план на дадени препораки од Конечен извештај на овластениот државен ревизор, доставен од Советот за унапредување и надзор на ревизијата
43 Информација за текот и прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за зголемување на приходите на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија
44 Извештај за работата на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност за 2018 година
45 Акциски план за степенот на постапување по однос на препораките наведени во ревизорскиот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2017 година, спроведена од Државниот завод за ревизија, како и роковите за ниво спроведување
46 Информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Изградба на карго аеродром во Штип“
47 Информација за прогресот на активности во реализација на проектот „Служби за помош и поддршка на стари лица (кои живеат сами) Домашна посета и Домашен лекар“
48 Информација за реализација на активностите за имплементирање на дел од мерките за намалување на мајчина и новороденечка смртност за 2018 година
49 Годишен извештај за работата на Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување за 2018 година
50 Годишен извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на ЕСЧП за 2018 година
51 Информација за реализација на активностите од Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2015-2019) во 2018 година
52 Информација за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности
53 Информација за започнување постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на катни-монтажни гаражи во комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје, со Предлог-одлука
54 Информација за тек и прогрес на проектот „Изградба на нов Ургентен центар за Општа болница Куманово” и одобрување на нова динамика за плаќање
55 Информација за тек и прогрес на Проектот за реконструкција и доградба на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ - Скопје и одобрување за нова динамиката на плаќање
56 „Информација за тек и прогрес на Проектот Реконструкција на ЈЗУ Општа болница - Струмица“ и одобрување на нова динамика на плаќање
57 Информација од претседавачот на Координативното тело во врска со ангажирање на правни застапници на Република Северна Македонија по повод поведена арбитражна постапка од страна на Артем Скубенко, Валентин Дрожденко, Анатолиј Семинога, Игор Переверзев, Артем Кадомски, Игор Компанец, Серги Надиеждин и Володомир Скубенко против Република Северна Македонија
58 Предлог-одлука за доделување на средства за реализирање на студиските програми за 2019 година на Приватната високообразовна установа Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово