Одобрени 5,67 милиони евра за осум проекти во Македонија од Инвестицискиот инструмент за Западен Балкан
Преку Ивестицискиот инструмент за Западен Балкан за осум проекти Македонија добила грантови од над 5,67 милиони евра. Инструментот денеска во Скопје го претставија вицепремиерката Теута Арифи и претставникот на директорат за проширување на Европската комисија Кристос Гофас.
- Денеска се затвора работниот состанок за Западен Балкан и фондовите од ЕУ. Мислам дека тоа е еден ефективен состанок. Во рамките на овој инструмент досега Република Македонија има конкурирано со осум проекти и успеала да повлече околу шест милиони евра инвестиции и тоа во некои многу конкретни и значајни проекти, изјави Арифи.
Станува збор за проектот за изработка на физибилити студија за развој на пилот парк на ветерници, изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија, реформа на затворот во Идризово, за институции за здравствена заштита, за техничка помош за анализа на социо-економското влијание во Студијата за националниот систем за гасификација во земјата, за изработка на физибилити студија и анализа на социо-економското влијание за производство и наводнување во Злетовица и за физибилити студија и анализа на социо-економското влијание за 400 киловолтниот далновод Битола - Елбасан, како и за главниот проект за железничкиот коридор VIII од Куманово до Бељаковце.
- Мислам дека сите овие проекти се многу значајни за доброто на граѓаните на Република Македонија и дека ова е многу значаен и добар инструмент што им овозможува на земјите од Западен Балкан заеднички да конкурираат за пари од европските фондови и на тој начин полесно да ги добијат и поефикасно да се вложат, истакна Арифи.
Проектот за пилот паркот на ветерници Богданци го претстави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски. По целосната реализација на овој проект, кој се очлекува да заврши до првата половина на 2013, електроенергесткиот систем ќе произведува дополнително околу 125 гигаватчаса електрична енергија од обновлив извор.
Кофос информираше дека со инвестицискиот инструмент за Западен Балкан, кој започна во 2009 година, досега се обезбедени 100 грантови во вредност од 160 милиони евра за 93 инфраструктурни проекти ширум земјите од регионот. Со овие грантови веќе е поттикнат интересот кај меѓународните финансиски институции да се обезбедат инвестиции од преку 4,7 милијарди евра, со кои се придонесува кон вкупните инвестициски трошоци од преку 7,8 милијарди евра.
Инвестициоскиот инструмент за Западен балкан претставува иницијатива за опбезбедување на иновативно финансирање преку пул на грантови за давање на заеми со кои се финансираат приоритетни инфраструкторни проекти во областа на транспортото, енергетиката, животната средина и социјалата заедно со поддршка за развој на приватниот сектор. Во Западен Балкан со програмата се повлечени повеќе од 4, 7 милијарди евра на заеми со кои се поддржуваат ноби инфраструктурни инвестиции во износ над 7,8 милијарди евра, со што се надминува примарната цел. Тоа претставува партнерство помеѓу ЕУ и трите европски финансиски институции Развојната банка на СЕ, Европската банка за реконструкцвија и развој ЕБРД и Европската инвестициска банка.