Јавен повик за обуки за напредни ИТ вештини

Институција која огласува: 
Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
31.10.2019

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година и измените и дополнувањата од месец јули 2019 година, усвоени од Владата на Република Северна  Македонија за мерката 4.1 Обуки за  напредни ИТ вештини, финансирана од Буџетот на  Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 14.09.2019 година, се објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентирани невработени лица

Се повикуваат евидентираните невработени млади лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да аплицирааат за учество во обуките за еден од следните модуларни програмски пакети:

1.    Модуларен програмски пакет System Engineer 

Модуларниот програмски пакет ќе им овозможи на слушателите изучување на нови мрежни технологии и администрање на компјутерски системи. 
Теоретскиот дел од модуларниот програмски пакет ќе се фокусира на пренесување на знаење и вештини потребни за:
•    инсталација, конфигурирање, мониторирање, како и барање на проблеми во една средно голема компјутерска мрежа со примена на технологии и протоколи како што се VLANs, STP, OSPF, EIGRP, Etherchannel, ACL, NAT, IPv6, со кои се зголемува стабилноста, брзината и сигурноста на мрежите и истите се штитат од внатрешни и надворешни напади и 
•    брзо и ефикасно одржување и менаџирање на комјутерски мрежи и системи како на приватен, така и на хибриден облак (private and hybrid cloud).
Практичниот дел од програмскиот пакет ќе овозможи лабораториски вежби со горенаведените технологии и протоколи со цел поедноставна примена на истите во самите мрежи.  

ДЕЛ 1: Модуларен програмски пакет System Engineer

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

ICND1 v3.0 - Interconnecting Cisco Networking Devices Part 1

40

MCSA: Windows Server 2016

(70-740, 70-741, 70-742)

30

 

2

20742: Identity with Windows Server 2016

40

3

20740: Installation, Storage, and Compute with Windows Server 2016

40

2.    Модуларен програмски пакет  Cloud administrator

Целта на модуларниот програмски пакет е да се научат основите за дизајнирање и имплементација на ИТ инфраструктура на најкористената AWS Cloud платформа. Со цел вклопување на AWS сервисите во Cloud базирани решенија, слушателите треба да имаат познавање и од областа на администрација на компјутерски системи, дизајн, имплементација и одржување на компјутерски мрежи. Дополнително на тоа слушателите треба практично да ги оптимизираат AWS Cloud моделите за оптимални ИТ решенија во една компанија.
 

ДЕЛ 2: Модуларен програмски пакет Cloud Administrator

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

ICND1 v3.0 - Interconnecting Cisco Networking Devices Part 1

40

AWS Certified Solution Architect - Associate

(SAA-C01)

 

40

2

20742: Identity with Windows Server 2016

40

3

AWS Cloud Practitioner Essentials & Architecting on AWS

30

3.    Модуларен програмски пакет  Automation tester

Теоретскиот дел од модуларниот програмски пакет ќе им овозможи на слушателите:
•    да ги научат практиките на објектно-ориентираното програмирање кое подоцна ќе биде основа за пишување на скриптите во процесот на автоматско тестирање и
•    да ги обезбедат потребните знаења за професијата софтвер тестер, односно да се запознаат со принципите, фазите, нивоата и типовите на тестирање, функционално и нефункционално тестирање, статично и динамично тестирање, black box и white box тестирање, дизајнирање на ефикасни тест случаи, извршување на истите, пишување детални извештаи за дефекти и exploratory тестирање.
Со примена на практичниот дел за автоматско тестирање на веб апликации, слушателите ќе стекнат самостојност во креирање на автоматски тестови со Selenium WebDriver без надзор.
 

ДЕЛ 3: Модуларен програмски пакет Automation Tester

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

Java Fundamentals

40

ISTQB Foundation Tester

(CTFL-001)

 

50

2

ISTQB Software Testing Foundation

24

3

A4Q Selenium Tester Foundation

24

 

4.    Модуларен програмски пакет  UX design specialist

Модуларниот програмски пакет за UX Design Specialist ќе ги опфати новите технологии за дизајнирање на целосно прилагодлива веб страна и апликација. Слушателите ќе научат како да креираат стратегија на производ базирана на корисничко искуство, да дефинираат функционалности и интеракција во кориснички интерфејс, да изработат прототип на веб проект и да ја тестираат идејата.

ДЕЛ 4: Модуларен програмски пакет UX Design Specialist

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

Веб дизајн процес (вклучено Creative Thinking)

24

 

Adobe Certified Associate in

Multiplatform Animation using Adobe Animate CC 2018

(ACA_701)

33

2

Кориснички UX/UI принципи (вклучено Adobe XD)

30

3

Adobe Animate + ACA Exam

30

4

Веб оптимизација и аналитика

30

5

SCRUM Master Certified

20

6

Дизајн на веб страна (практичен предмет)

24

 

5.    Модуларен програмски пакет  ISTQB software tester

Овој модуларен програмски пакет е наменет за оние кои сакаат да навлезат во принципите на тестирањето како поддршка на процесот на развој на апликации во агилни проекти.
Теоретскиот дел од програмскиот пакет ќе им овозможи на слушателите да се запознаат со основите на динамичките и статичките техники за тестирање на софтверските решенија, како и со процесот на планирање на тестирањето и алатките кои се користат за таа намена. Мануелното тестирање најдобро одговара на сценаријата за exploratory тестирање и и error guessing. 

Практичниот дел од програмскиот пакет ќе им овозможи на слушателите да се стекнат со знаења за концептот на тестирање на софтверски решенија во агилна околина, работење во агилен тим, со посебен акцент на важноста на тестерот и соработката со останатите членови од агилниот тим, за успешно завршување на еден проект.
 

ДЕЛ 5: Модуларен програмски пакет ISTQB Software Tester

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

ISTQB Software Testing Foundation

24

ISTQB Foundation Tester (CTFL-001);

ISTQB Agile Tester (CTFL-AT)

40

2

ISTQB Foundation Extension Agile Tester

16

3

Scrum Master Certified

20

 

Во оваа мерка е предвидено вклучување на 193 невработени млади лица кои ќе добијат можност за надградување на вештините во областа на информатичките технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот.

За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми:
•    Да има завршено средно или високо образование;
•    Да биде евидентирано невработено лица- активен барател на работа;
•    Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учестуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидадите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.

Предвидено е обуките од модуларните програмски пакети да се реализираат во Скопскиот и во другите плански региони на Република Северна Македонија во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во мерката.
Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 10 (десет) пријавени и селектирани кандидати по програмски пакет. 

Тренинг центарот има обврска да спроведе претходна проверка на нивото на знаење на кандидатот со цел вклучување во соодветниот програмски пакет на обука. Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.

Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, предност ќе имаат кандидатите кои први поднеле пријава за учество. Невработените лица ќе имаат можност да аплицираат за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.

Обуките од еден модуларен програмски пакет треба да се реализираат на македонски јазик во период од 4 (четири) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи, врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на авторизираниот тренинг центар.

На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит/испити. 

Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3 (три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитаран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок. 

На лицата кои редовно посетувале обука, односно присуствувале на најмалку 70% од часовите, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за редовно посетувана обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот/испитите ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.

Правата и обврските на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  спроведувачот на обуките и учесниците ќе бидат подетално уредени со склучување на посебен договор.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Јавниот повик ќе биде отворен се до потполнување на планираниот опфат на лица.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија https://av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk.

 

Пропратни документи: