Премиерите Заев и Конте од Рим: Европа е нашиот заеднички дом

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор се одвиваше денес во Рим средбата меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, е на  работна посета на Италијанската Република, на покана на италијанскиот премиер, Конте.

Низ разговорот на средбата попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi, се дискутира околу пријателските односи и соработката помеѓу двете земји, како и за реафирмација на европската перспектива и Европа како заеднички дом на двете земји.