Состанок на Комитетот за странски инвестиции

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
 

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа состанок на Комитетот за странски инвестиции со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

Покрај претседателот на Владата, во денешната работа на Комитетот за странски инвестиции учествуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања г-дин Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции, министрите за информатичко општество и јавна администрација, за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик министерот за економија, Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Директорот на Директоратот за Технолошко Индустриски Развојни Зони, како и претставници на други државни институции.

Комитетот за странски инвестиции има за цел темелно да ја следи реализацијата на сите тековни проекти кои се во некоја од фазите на инвестицискиот процес, како и да ги разгледува можностите и да дава поддршка при имплементација на нови проекти со цел привлекување на нови инвестиции кои ќе ја подобрат македонската економија и ќе ја зголемат вработеноста во Република Македонија, а неговите седници се планирани да се одржуваат еднаш месечно.

На денешната седница на Комитетот за странски инвестиции се разгледуваа повеќе тековни прашања поврзани со веќе реализираните инвестициски проекти, потоа состојбата со потенцијалните инвестиции, како и сите дополнителни анализи кои им се потребни на странските инвеститори, а кои имаат за цел да им го олеснат процесот при донесување финална одлука за инвестирање во Република Македонија.