Груби: Правдата нарачана по телефон заврши, мојата мисија е целосната еднаквост во општеството

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска одржа прес-конференција.

Во продолжение, Ви го пренесуваме обраќањето на првиот вицепремиер Груби во целост:

„Почитувани,

На парламентарните избори кои се одржаа на 15 јули 2020 година, граѓаните на нашата земја избраа да ги потврдат нашите политики во изминатиот мандат и одлучија ДУИ и СДСМ да продолжат заедно да ја движиме нашата држава напред.

Гласот на секој граѓанин е глас за мир, стабилност, евроатланска ориентација на земјата, успешно управување со  економско-здравствената криза, за преродба на домашната економија, за нови и добро платени работни места, за правна и неселективна  држава и ветинг за сите, за  чиста и здрава животна средина, за функционална инфраструктура, за  култура по угледот на европската култура и за образование кое младите генерации ги подготвува за подобра сегашност и подобра иднина.

Министерот секогаш сум го замислил како човек кој им служи на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, полот и религијата, ниту на јазикот, социјалниот статус, политичкото убедување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба.

Јас сум почестен да Ви служам како Прв вицепремиер во историјата на нашата земја, позиција која е договорена за да гарантира кохезија и координација во владината коалиција и за спроведување на политиките од ресорите и колективот, но и за замена на премиерот во негово отсуство. Оваа поинаква кохезија, оваа конструктивна работна атмосфера ја чувствуваат нашите граѓани и нашите меѓународни пријатели уште од првиот ден. Граѓаните му веруваат на овој голем чекор кон потполната рамноправност која ќе се спроведе и во последните 100 дена со изборот на првиот Премиер Албанец по полн политички мандат.

Сето ова, заедно со начелото на искрено партнерство и консензуалност ја направија оваа Влада издржлива и силна, направија оваа Влада да го претставува целото општество.

Како Прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците заедно со моите соработници, пред нас имаме света и суштинска задача за да ја спроведеме агендата за која сме должни пред граѓаните, со нашите максимални напори преку ефективно спроведување на најдобрите можни резултати.

Називот и надлежностите на Министерството извираат од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и целта е да го рефлектира нашето општество.

Како Прв заменик на претседателот на Владата, надлежен за координација помеѓу политичките ресори обврска ми е да се грижам за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, но и за добра и ефикасна кохезија на  општеството еднакво за сите.

Активно ќе придонесам во создавањето и спроведувањето на политиките кои ќе ги развијат вредностите на нашето општество и меѓу етничките односи, толеранцијата, не селективната правда, истите можности и интеркултурната комуникација.
 
• Во соработка со Јетон, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок, ќе обезбедиме распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции;
• Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградуваат и својата иднина да ја гледаат во земјата;
• Ќе започнеме да ги мониторираме потребните реформи за потполна рамноправност на граѓаните, вклучувајќи ја и не селективната правда преку ветингот. Не може да постои една правда за едниот а различна за другиот, ниту пак една за граѓаните а друга за политичарите. На правдата испорачана по телефон и дојде крајот;
• Ќе ја интензивираме динамиката на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците;
• Ќе ја комплетираме Агенцијата за употреба на јазиците и на Инспекторатот за употреба на јазиците;
● Ќе соработувам со моите колеги за зголемување на квалитетот на образованието и културата, како области кои придонесуваат за зближување на граѓаните;
● Исто така ќе соработувам со бизнис-секторот за поддршка на добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција и почитување, правична и соодветна застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја;
● Исто така силно ќе го поддржам спротивставувањето на верската индоктринација, религиозната и етничката нетрпеливост која се продуцира во медиумскиот простор и социјалните мрежи;
● Силно ќе работиме во насока на одржување на постојаното пријателство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Една работа знаат сите што ме познаваат а веруваме дека наскоро ќе го научат сите, тоа е дека јас не престанувам да работам и не ми дозволува совеста да ги разочарам граѓаните. Ќе работам за тие што нè гласаа, за тие што гласаа против и за тие што не гласаа воопшто.

Мојата мисија е рамноправноста, рамноправност во правата, но и во одговорноста.

Ние формиравме Влада која ги става граѓаните во првите ВИП седишта. Влада која ги слуша граѓаните и работи за граѓаните, но и ќе има храброст да одлучува за граѓаните.

Започнавме градење на ново општество, еднакво општество за сите, општество во кое сите сме рамноправни во нашите права, обврски и одговорности. Општество спремно за членство во ЕУ и во постојано пријателство со нашиот голем сојузник, Соединетите Американски Држави.

Оценете не по работата и резултатот, не по зборовите, по спроведувањето, а не по ветувањата. Патот на не селективната правда, општествениот ветинг, економскиот развој, рамноправноста и евроатланската ориентација не признаваат компромиси, ниту оправдување или неуспех.

Во 2024 година, ќе Ве прашам: Дали денес сте подобро од пред четири години? Ако мнозинството од Вас ќе одговорат ДА, тогаш нашето владеење било успешно.

До тогаш, заедно ќе чекориме на патот кон новото општество, општество на потполна рамноправност!“