Филиповска- Грашкоска: Зголемените надлежности на инспекциските служби ја оправдаа целта и даваат резултат, намален бројот на прекршувања на здравствените протоколи

Од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија надлежностите на инспекциските служби, од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, се извршени 10.274 контроли и 5.149 надзори. Споредено со претходниот месец, се забележува намалување на прекршувањата на здравствените протоколи кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести. За споредба во месец октомври, кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на здравствените протоколите , од вкупно извршени 6.963 надзори и 6.123 контроли, беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти, а во месец ноември по донесувањето на измените на Законот за заштита од заразни болести затворени се 5 угостителски објекти кај кои било констатирано дека не ги почитуваат здравствените протоколи.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

По скоро еден од месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, се извршени 10.274 контроли и 5.149 надзори. При тоа, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести  во месец ноември инспекторите имаат изречено 8 прекршочни пријави, 2 кривични пријави, 16 платни налози, 30 решенија од кои 5 се однесуваат за забрана за работа на 5 угостителски објекти и донесени се 39.858 решенија за изолација.
Споредено со претходниот месец, се забележува намалување на прекршувањата на Ковид протоколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести. За споредба во месец октомври, кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протоколите, од вкупно извршени 6.963 надзори и 6.123 контроли, беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти, а во месец ноември по донесувањето на измените на законот за заштита од заразни болести затворени се 5 угостителски објекти кај кои било констатирано дека не ги почитуваат Ковид протоколите. И покрај зголемениот бројот на контроли во месец ноември, сепак се детектирани помал број на прекршувања на протоколите , со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на ковид протоколите.

На денешната прес-конференција ќе ги презентираме податоците од спроведените контроли за периодот од 16-ти ноември заклучно со 22 –ри ноември.

Во посочениот период инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршија 96 надзори, од кои 72 се по однос на здравствените протоколи. Во изминатите седум дена ДЗСИ издаде 14.664 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени  и 11 решенија за констатирани неправилности врз основа на спроведените надзори.  Во периодот од 16-ти до 22-ри ноември, Инспекторат за транспорт изврши 57 надзори, при што изречени се 10 прекршочни пријави, 3 решенија и 4 платни налози за прекршувања на материјалните закони. Од извршените надзори 16 се по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести и при тоа не се констатирани прекршувања на законот. 

Во истиот период Државниот пазарен инспекторат, изврши 3.463 контроли и 553 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа угостителски објекти.  При тоа, поднесени се 27 прекршочни пријави, од кои 2 прекршочни пријави се поднесени против угостителски објекти, по еден во Тетово и во Гостивар. Овие угостителски објекти не ги почитувале протоколите, односно истите работеле по 21 часот, поради што им е изречена и забрана за работа  во рок од 30 дена и соодветна глоба. Дополнително ДПИ издаде и 52 решение и 25 платни налози.

Државниот инспекторат за труд, во истиот период спроведе  519 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори, од страна на трудовите инспектори изречени  се 27 решенија и еден платен налог, кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи. Агенцијата за лекови и медицински помагала, во изминатите седум дена изврши 26 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата на РСМ и издавањето на антибиотици, при што не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите. Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 16-ти до 22-ри ноември спроведе 386 надзори. При тоа издадени се 7 решенија  и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на  производи и неправилно означување на производите. Заштитата на здравјето на секој граѓанин е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Би сакала да потенцирам дека ова е заедничка битка, и мора сите да придонесеме за  спречување на ширење на коронавирусот. Затоа е важно да се почитуваат сите здравствени протоколи. Како инспекциски служби, правиме максимални напори, да ги минимизираме можностите за ширење на коронавирусот во големите и средни производни капацитети, трговски објекти, кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, банки, пошти, аптеки, обложувалници и во сите други правни лица кои обавуваат било каква дејност. Инспекциските служби ќе бидат на терен постојано, секаде низ земјата и навремено и неселективно ќе го следат почитување на сите акти кои Владата ги носи.