Ставрески: Нема зголемување на даноците или воведување на прогресивно оданочување
Не се размислува за зголемување на даноците или за воведување на прогресивено оданочување бидејќи тоа би однело многу претпријатија во пропаст, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- Во нашата програма нема предвидено зголемување на даноци, ниту воведување на прогресивно одданочување. Сметаме дека тоа е лоша политика посебно во вакви околности кога во економијата во Европа и светот се случуваат кризни ситуации зголемувањето на данокот не е добро и тоа би одвело многу претрпијатија во пропаст. Остануваме на тоа дека наспроти предизвиците кои ги имаме како земја, Македонија ќе остане со најниски даноци во Европа, рече Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција посветена на кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка намената за средните и малите претпријатија.
Ова, како што рече Ставрески, се однесува и на придонесите за пензинско осигурување. Во овој дел се размислува за мерки за подобрување на наплатата на придонесите и за заштеди во рамки на Фондот за пензиско и инвалидско осигрување во делот на контролата на тоа каде и кому се исплаќаат пензиите.