Ристовски демантира дека пензиските фондови не ќе можат да инвестираат во странство

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска ги демантира информациите објавени во медиумите дека приватните пензиски фондови се ограничуваат да инвестираат во хартии од вредност на меѓународни пазари.

- Апсолутно најенергично сакам да ги демантирам наводите и употребата на претешки зборови од типот упади во пензискиот систем или нарушување на правата на корисниците или губење определени средства во овие неколку дена кои беа доста актуелни во дел од медиумите. Не би сакал да навлегувам во позадината и интересот на тие текстови, меѓутоа во конкретниот случај морам да кажам дека апсолутно неточни се информациите и најенергично сакам да ги демантирам дезинформациите кои што се продуцираат дека ќе им се ограничи правото на пензија на корисниците или дека друштвата се доведени во ситуација да не може да инвеестираат на странски пазари. Не може да инвестираат, во средствата кои ќе ги емитуваме како еврообврзница на меѓународен пааар. Инаку, на домашен пазар може да инвестираат повторно во сите државни хартии од вредност коишто ќе бидат емитувани, а и понатака може да инвестираат во другите инструменти што им стојат на располагање како на домашен така и на странски пазар, изјави Ристоски по денешната регионална нконференција за спроведувањето на Декадата на Ромите.

Тој појасни дека во новите предлог законски измени се предвидува друштвата да можат да инвестираат во сите инструменти што им стојат на располагање на домашен и на странски пазар, со една единствена разлика, а тоа е да не може да инвестираат во евообврзницата која што Македонија ја продуцира на странскиот пазар од причина што е неопходно тие средства да бидат инвестирани во Република Македонија.

- Според тоа, во новиот закон и натаму постои можноста друштвата да инвестираат во државни обврзници односно хартии од вредност кои државата ќе ги емитува на домашниот пазар се со единствена цел за да се заштити, односно задржи капиталот во државата посебно во овој сензитивен период кога и Република Македонија како и целата ЕУ е пред предизвикот како да се помине оваа релативно тешка економска 2012 година со една единствена цел за заштита на интересите на корисниците, образложи Ристовски.