Јанкулоска: „Детонатор“ ќе продолжи се додека не се разоткрие и последниот инволвиран во нелегални активности

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска со порака до граѓаните дека полициската акција „Детонатор“ продолжува и нема да застане се додека не биде разоткриен и последниот инволвиран во нелегалните активности.

Во врска со обвинувањата од опозицијата дека во акцијата се апсат пониски ешалони, а не и главните актери во „Детонатор“, кои, како што велат, се функционери од ВМРО - ДПМНЕ, Јанкулоска нагласи дека опозицијата не е навикната на тоа дека институциите работат според закон и според принципот на владеење на правото, а не според нивната партиска желба и нарачка.

- Опозицијата ќе мора да се навикне на ова, иако веќе шест години МВР секојдневно и недвосмислено ја испраќа таа порака за неселктивна борба против корупцијата и криминалот, изјави Јанкулоска по потпишувањето на декларацијата за соработка со Баварското МВР.

Според неа, секогаш кога опозицијата има недостаток на идеи да застане на страна на одбрана на криминалот или да не ги поздрави полициските операции и акции. Опозицијата, подвлече Јанкулоска, преферира правдата да ја бара со протестирање пред судовите наместо низ институциите, но тоа е нивен политички избор.

До овој момент, информира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, МВР нема доказ или потврда за евентуална инволвираност или поврзаност на Тони Јакимовски, директор на КПД Идризово со „Детонатор“.