Попоски ја заврши посетата на Брисел

Не радува фактот што грчките колеги изразија заложба за проширување на Европската унија со земјите од Балканот вклучително и Македонија, и се надевам дека декларираниот став ќе биде потврден со конкретни гестови кои ќе бидат од интерес на Македонија, на Грција и секако на ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Поповски по остварените средби во рамките на дводневната работна посета во Брисел.

- Останува на некој од следните самити за проширување на Советот на ЕУ да се донесе консензуална одлука, во која Грција би го променила својот став, смета Поповски и дополни дека Република Македонија продолжува со реформите, како и со остварување на приоритетните цели, односно прифаќање на европското право и европските стандарди.

Во меѓувреме, посочи, продолжуваме со пополнување и на останатите полиња кои ќе бидат дел од пристапните преговори.

Поповски за време на престојот во Брисел оствари средба и со членовите на делегациите кои го следат процесот на проширување на Балканот, европските пратеници Корнелис ван Бален, Гонце Кинга и председателот на групата на социјалистите во ЕП Либор Роучек. Во фокусот на дискусите, меѓу другото, била тековната должничка криза во ЕУ и последиците на останатите земји во регионот.