Претседателот Иванов и премиерот Груевски им го честитаа Велигден на православните верници

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски денеска на сите православни верници им го честитаа најголемиот христијански празник Велигден и им посакаа многу здравје, радост, среќа, мир, слога и успех.

Премиерот Груевски честитајќи им го Велигден на граѓаните им посака многу здравје.

- Да останеме цврсти, сполотени, да продолжиме да се бориме со предизвиците кои доаѓаат, да имаме напредок и успеси понатаму како држава, како народ и како поединци. Христос Воскресна, навистина Воскресна, истакна премиерот Груевски.

- Овие се празници кога се потсетуваме на нашата традиција, на она што ни го оставиле нашите предци во завет, да се почитуваме меѓу себе и да си простуваме затоа што колку што ги почитуваме другите и им простуваме ним, толку тие ќе не почитуваат и ќе ни простуваат нас, изјави Иванов по свечената литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.