Груевски: Изградба на пет нови и реконструкција на педесеттина училишта

Инфраструктурните проекти планирани за годинава во сферата на образованието ќе се реализираат. Ќе има целосна изградба на пет нови училишта и реконструкција на педесеттина, најави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на две нови лабаратории на Факултетот за фармација во Скопје.

- Годинава за оваа намена се планирани околу 20 милиони евра обезбедени дел од Светската банка, од Банката за развој на Советот на Европа, делумно од Буџетот, и еден многу мал дел од донации. Ќе има целосна изградба на пет нови училишта и реконструкција на педесеттина. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени врати, прозорци, училници, подови, тоалети... значи училиштата темелно ќе бидат реконструирани. Проектот останува и започнува оваа година, отприлика како што и претходно најавивме, истакна премиерот Груевски.

Тој појасни дека проектот за реконструкција и изградба на нови училишта ќе се релизира во фази и оти за сите нив се предвидени  вкупно 60 милиони евра.