Средба на вицепремирот Ставрески со управниот директор на Светска банка Мулани Индравати

Финансиската поддршка во износ од 150 милиони долари кои Светска банка ќе и ги додели на Македонија до крајот на годинава, беше тема на денешната  средба на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со управниот директор и втор човек на Светска банка Шри Мулани Индравати.

Од најавената финансиска поддршка, 50 милиони долари се за реализација на втората фаза на Проектот за подобрување на општинските услуги, а 100 милиони долари се за подобрување на реформите во јавниот сектор и подобрување на конкурентноста.

Ставрески и Мулани Индравати, соопшти Министерството за финансии,  разговарале и за подобрување на искористеноста на ИПА средствата, преку поддршка од Светската банка на македонските институции во подготовка, дизајнирање, имплементација и мониторинг на ИПА помошта.

- Од двете страни беше изразено задоволство од досегашната соработка и беше истакнато дека Светска банка е постојан и сигурен партнер на Република Македонија во реформите кои ги спроведува, се вели во соопштението.

Управниот директор на Светска банка е во дводневна посета на Македонија од вчера.  Предвидени се негови средби и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.