Ристовски: Во ребалансот се предвидени средства за сите социјални трансфери

Во Буџетот се обезбедени средства за сите социјални трансфери за сите права и бенефиции што треба да се исплатат од страна на Министерството за труд и социјална политика, како во делот на социјална и детска заштита, така и во делот на исплатата на пензиите.

Ова го истакна во одговор на новинарско прашање ресорниот министер Спиро Ристовски пред почетокот на Менаџерската конференција на тема „Премостување на јазот помеѓу световите на образованието и работата“.

Тој нагласи дека граѓаните кои користат бенефиции од Министерството за труд и социјална политика не треба да се грижат, бидејќи со ребалансот на Буџетот е предвидено на ова Министерство да му се додадат средства.