Продолжуваме со засилена поддршка на земјоделците во насока на подобрување на нивната конкурентност и положба на пазарот

„Подигнувањето на конкурентноста на малите земјоделски стопанства е прашање од особен интерес за развојот на земјоделството и руралните средини во Република Македонија“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обраќање на Меѓународниот политички форум на министри за земјоделство во Каунас, Литванија.

Ова пред се поради фактот што во Република Македонија доминанираат семејни земјоделски стопанства кои во просек имаат мали земјоделски имоти со големина од 1,62 ха. Повеќето од земјоделски стопанства се со мешовита производствена структура и скоро половината со површина до половина хектар, а дури 90% од сите стопанства се со големина до 3 ха.Обработката на малите и фрагментирани земјишни парцели не е економична, често и под прагот на рентабилноста, поради што истите е тешко да можат да претставуваат доволен производен капацитет за започнување или рентабилно продолжување на земјоделската активност. Состојбата со неповолната земјишна структура има значително негативно влијание на големината на приходите и трошоците, економичноста и продуктивноста на производството, а поради зависноста на руралната популација од приходите во земјоделството како клучна активност во руралните средини, и на социјалната стабилност на населението и ограничувањето на економскиот развој а со тоа и на одржливоста на руралните средини. Ако сега неповолната структура е ограничувачки фактор за подобрување на приходите и генералната конкурентност на македонските земјоделски стопанства, перспективното вклучување на македонскиот аграр во единствениот европски слободен пазар после зачленување во ЕУ, при непроменети услови ќе претставува многу сериозна закана по понатамошно опстојување на малите земјоделски бизниси. Особено доколу истите не ги направат претходно сите неопходни инвестиции за постигање на европските стандарди за хигиена, безбедност на храна, заштита на животната средина и добра земјоделска пракса – истакна министерот Димовски.

Од друга страна пак според Димовски Република Македонија е земја која во значителна мерка го има либерализарано пристапот до домашниот пазар со потпишување на мултилатералните и билатералните договори за слободна трговија особено со зачленувањето на Република Македонија во СТО во 2003, и потпишување на трговскиот дел од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и ЦЕФТА 2006договорот. Како резултат на падот на развојниот потенцијал на секторот предизвикан од колапсот на агро-прехранбените комплекси во текот на приватизацијата и целосното укинување на поддршката од државата на почетокот на втората половина на 90-те, зголемениот конкурентски притисок од трговската либерализација сеуште претставува сериозен предизвик за најголемиот дел од македонското земјоделство. Сепак, општиот впечаток е дека во последните години со зголемување на поддршката и инвестирањето од страна на државата, како и со активните политики за бенефицирано регулирање на областите на социјалната свера, оданочувањето, пристапот до државно земјиште и поволните кредити, македонскиот земјоделски сектор постепено ја зголемува својата конкурентност и привлечност за влегување на нови субјекти. Извозот на земјоделските производи особено конкурентните производи кои се произведуваат во медитеранскиот регион како тутунот, виното, свежото овошје и зеленчук и преработките од нив, јагнешкото месо остваруваат 15-17% од вкупниот извоз на државата. Во 2011 год. извозот на овошје и зеленчук достигна 468 милиони € што е историски највисоко ниво досега, иако во исто време, како резултат на отворената трговијаи увозот на производите за чие производство земјата има недоволни компаративни предности,нето трговскиот биланс останува негативен.

Според министерот Димовски активните политики на Владата на Република Македонија во последниве шест години за кои се издвоени повеќекратноповеќе финансиски средства во однос на претходниот период, се во насока на обезбедување на поддршка за развој на секторот преку сет од комплементарни мерки. Политиките на поддршка се поставени така да овозможат подеднаков пристап на сите корисници без преферирање на категории и победници. Малите земјоделски стопанства се охрабрени и поддржани да ги реализираат своите претприемачки идеи и инвестициони активности за зголемување и осовременување на производните капацитети и пракси, преку доделување на државно земјоделско земјиште, кофинансирање на половина од трошоците за инвестирањето, ослободување од данокот на добивка и поволни социјални плаќања. Како посебно значајни мерки за поддршка на малите земјоделци се издвојуваат и напорите на владата за поддршка на формирањето на кооперативи, зајакнување на договорното производство и започнување на важните политики на консолидација на земјоделското земјиште. Владата исто така особено внимание посветува на подобрување на маркетинг инфраструктурата со инвестирање во нови откупни логистички центри кои треба да го помогнат пласманот на земјоделските производите, пред се од помалите производители.

На присутните министри, министерот Димовски им порача дека нашиот свет треба и мора да остане слободен во тргувањето. Македонските потрошувачи и понатаму треба да имаат пристап до јужното овошје произведено од земјоделците од Блискиот Исток и Африка, житото и месото од северните делови на Европа и Јужна Америка, итн, но во исто време и нашите вкусни производи создадени од медитеранското сонце како македонското вино, овошјето и зеленчукотда може да се најдат на трпезите на нашите пријатели низ светот. Секако како и досега, и во иднина е неопходно нашите земји, особено таму каде што малите земјоделци играат значајна улога во вкупната структура на секторот, да продолжатсо напорите за засилена поддршка на оваа ранлива категорија во насока на подобрување на нивната конкурентностиположба на пазарот.