Тодоров: Нема здравствена установа која не беше под лупа

Нема здравствена установа која во последниот период не беше под лупа, без разлкa дали тоа беше скрининг што се правеше во Министерството за здравство или беа опфатени во проектот „Нов бран“, потенцира денеска министерот за здравство Никола Тодоров во врска со „Новиот бран“.

Тој потврди дека за  нов директор на скопската гинекологија е назначен Драган Тантуровски, а на место на претходниот директор на Здравствениот дом во Кочани, Ванчо Коцев, назначен е в.д. директорот Иван Спанчевски.

- Информиравме дека освежување ги зафати повеќе здравествени установи, како што е директорката на Клиничката болница во Битола, директорот на општата болница во Велес, директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, како и в.д. на Здравествениот дом во Свети Николе, изјави  Тодоров по посетата на трите реновирани и една новооформена сала, наменети за ортопедска хирургија на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар - Скопје.

Ваков бран, истакна тој, има и во Фондот за здравствено осигурување, каде што се сменети раководителите на подрачните единици во Кочани и во Македонски Брод.

Според него, од клучно значење е перманентната комуникација која мора да постои меѓу Министерството за здравство и kлиниките.

Тој со порака до сите граѓани на Република Македонија кои се чувствуваат подготвени и компетентни, да се јават на огласите кои ќе бидат објавени.