Премиерот Груевски ќе се сретне со кинескиот колега Вен Џиабао

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска(вторник, 15.05.2012 година), во Пекинг, ќе оствари работна средба со премиерот на Народна Република Кина, г-дин Вен Џиабао.

На средбата, која следува по средбата на двајцата премиери која пред две седмици се одржа во Варшава, Полска, се очекува да бидат потврдени добрите политички односи кои владеат помеѓу двете земји и да се разговара за можностите за унапредување, интензивирање и зголемување на економските односи и соработка, и на трговската размена помеѓу Македонија и Кина.