Премиерот Груевски на бизнис форум во Чингдао

Владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (среда, 16.05.2012 година) ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум за промоција на поволностите за инвестирање во Република Македонија, во градот Чингдао.

На маргините на форумот ќе бидат остварени и повеќе средби со претставници на кинески компании.

Во текот на денот е предвидена и средба на владината делегација со претставници на локалната власт на Чингдао, провинција во која живеат над осум милиони жители.