Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска имаше работна средба со Здружението на жени од безбедносниот сектор „Уни-Форм”. Низ дискусијата беше нагласено дека зајакнувањето на капацитетите во борбата против корупцијата ќе се овозможи и преку вклучување на невладиниот сектор во активностите со што ќе се интензивира европската интеграција, а при тоа ќе се влијае и на подобрувањето на животот на граѓаните.
Вицепремиерката Грковска информираше за досегашните активности и резултатите кои се постигнати, но ги изнесе и претстојните планови на Кабинетот за политики за добро владеење кои се фокусирани на три столба, креирање на антикорупциски политики, дигитална трансформација на општеството, како и професионални, отчетни, одговорни и ефикасни институции.
Потврдувајќи ги владините заложби за интеграција на младите во општеството, таа нагласи дека оваа година во фокусот е младата популација, односно промоција на нивниот интегритет и искористување на нивните знаења во процесот на промени.
Со оглед дека борбата против корупцијата на патот кон ЕУ стана владин врвен приоритет, а заштитата на демократските процеси е заедничка обврска, на состанокот беше потврдена потребата од вклучување на сите граѓани во креирањето одговорно општество за да се унапреди владеењето на правото, еднаквоста пред законите да стане правило и доследно да се спроведат принципите на доброто владеење.