Грковска - Јеоп Сон: Координирано да работиме на надминување на поделбите по сите основи

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска оствари средба со регионалната директорка на Канцеларијата за координација на развојните агенции на Обединиети Нации, Гвин Јеоп - Сон и со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што организацијата на Обединетите Нации и ја дава на Република Северна Македонија во изминативе 30 години, особено за клучни прашања од кои зависи развојот и напредокот на државата.

Соговорничките се осврнаа на потребата регионот на Западен Балкан заеднички и кординирано да работи на надминување на поделбите меѓу граѓаните по сите основи, како и на поголема вклученост на младите во креирањето на активни политики за справување со корупцијата и градење на ефикасен систем кој нуди шанси и можности врз основа на квалитетот и знаењето.

Вицепремиерката Грковска информираше дека нејзиниот Кабинет особено е фокусиран на работата со младите, кои како што рече, заедно со жените се носители на промените.

Регионалната директорка на Обединетите Нации, Јеоп Сон нагласи дека приоритетите на Северна Македонија за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија се во директна синергија со целите за одржлив развој.

На состанокот се отвори и прашањето за координиран пристап и спротивставување на говорот на омраза, прашање кое станува проблем речиси во сите земји на регионот.