Премиерот Ковачевски во Охрид ги пречека делегациите на Србија и Косово пред официјалниот почеток на дијалогот

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид, ги пречека делегациите на Србија и Косово пред официјалниот почеток на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина. 

На официјалниот пречек присуствуваа и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел како и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград - Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Високиот претставник Борел, со поддршка од специјалниот претставник Лајчак, ќе одржат одделни состаноци со лидерите на српската и косовската делегација, претседателот Вучиќ и премиерот Курти, кои започнуваат во 10:00 часот, по што ќе следи заеднички состанок. Состаноците ќе се фокусираат на европскиот предлог за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.