Новиот модел на фазна градба на автопатските делници на Коридор 8 и 10 ќе ги даде очекуваните резултати и автопатите ќе ги изградиме модерно и квалитетно во тие 4 години и 7 месеци како што стои во Договорот, истакна министерот Благој Бочварски во интервју за МИА.
Министерот Бочварски потенцира дека за овој проект, работата во делот на проектирање и работата на градење ќе седелегира на компанијата изведувачи таа компанија во исто време ќе проектира и ќе гради без притоа да се губи време како што се случува на инфраструктурните проекти што се градат и по една деценија заради лошите проекти од минатото.
„Ако земјиштето е имотно-правно чисто, земјиштето е на РМ тогаш таму изведувачот влегува проектира и веднаш влегува со градба. Додека го гради тој дел или таа делница, продолжува со проектирање, со експропријација на останатите делници и продолжува со градба и на останатите делници. Факт е дека овој модел не е доволно познат во државата, но има примена и во околните земји и покажува добар резултат и прогрес на терен. Овој модел сме го дискутирале и со професори од Градежен факултет и несомнено овој модел на проектирање и градба ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето. Како министер за транспорт, за мене, за Владата е клучно брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во делот на градба на Пан европските коридори. А ако сакаме да го напривме тоа час поскоро тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба, тоа значи дека компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради”, изјави министеротБлагој Бочварски.
Тој во интервјуто појаснува дека треба да се напушти сегашниот модел на изградба бидејќи праксата покажува дека е нефункционален и покажал многу слабости на терен.
„Убеден сум дека и во наредниот период државата и во иднина ќе реализира проекти на ваков начин, не проекти кои се проектираат во 90те, се градат во 2010, а завршуваат со градба во 2020 или 2025. Тоа е нешто за кои не сум подготвен да разговарам бидејќи кога зборуваме на пример еве пругата кон Бугарија колку години се гради. Пругата кон Бугарија е почната од 90 -те, имаме променето повеќе од 3-4 изведувачи, повеќе постапки и пруга сеуште немаме. И тоа ли е моделот за кој што треба да зборуваме? Тоа е модел на кој то веднаш мора јасно и гласно да кажеме, ова се напушта бидејќи се покажува дека сме имаме проблеми во реализацијата, кога се работи зборувам за проекти од стратешки и национален интерес”, истакна министерот Бочварски.
Тој уште еднаш потврди дека започната е реализација на Договорот за изградба на автопатските делници на Коридор 8 и 10 д, при што компанијата започнува со мобилизација на кадар и испитување на теренот. Паралелно со тоа се работи и со поставување на кампови за работниците, за инжинерскиот персонал, а во следна фаза проектирање, поднесување на проектите за урбанизам за одобрување на трасатаи понатаму и изградба.
Изградбата на автопатските делници на Коридор 8 и 10 д, е најголемиот стратешки инфраструктураен проект од национален интерес во државата, кој ќе придонесе за регионален економски развој и интеграција на Република Северна Македонија во мрежата на трансевропските коридори.