Министерот Кралев на средби со ректори на повеќе британски универзитети

Министерот за образование и наука Панче Кралев, во рамки на неколкудневната посета на Велика Британија, оствари средби со ректорите на повеќе универзитети меѓу кои University of Bournemouth, University of Bristol, University of East London, Liverpool John Mores University, University of Liverpool i University of Lincoln.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, министерот Кралев ги запознал претставниците на британските универзитети со реформите кои Република Македонија ги презема во делот на високото образование и ја претставил можноста за отворање претставништво на овие универзитети во Македонија. Кај голем дел од британските универзитети постои заинтересираност за отворање студиски програми надвор од Британија.

Својот престој министерот Кралев ќе го заокружи со посета на University of Worcester, University of Sheffild Halla i Buckingham University со кои ќе се дискутира за можноста за остварување соработка со некој од македонските универзити во делот на научно истражувачката работа и можноста од размена на студенти.