Реакција на МНР до Романија за дадената препорака за наводни опасности и немири во престојниот период

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, преку дипломатски канали, македонската амбасадата во Букурешт, реагираше до министерството за надворешни работи на Реублика Романија и побара објаснување за дадената препорака за наводни опасности и немири кои би се случиле во Македонија во престојниот период.

Од страна на романското министерство, добиено е објаснување дека дадената препорака се однесувала за период од минатиот месец, кога имаше најави за протести во Македонија, но поради технички и административни формалности препораката била објавена дури вчера на нивната официјалната веб страница.

Согласно нашите укажувања и реакција, од романска страна е добиено уверување дека споменатата препорака ќе биде повлечена од веб страната, од каде што е и објавена.