Јанакиески се сретна со претставници на Европската конфедерација за цивилно воздухопловство

 Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оствари средба со претседателот и извршниот секретар на Европската конференција за цивилно воздухопловство, Каталин Раду и Салваторе Шакитано.

На средбата, како што информира ресорното Министерство, се претставени актуелните состојби во македонското воздухопловство, реализацијата на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем и трендот на зголемување на бројот на патници и воздухопловни операции. Презентиран е и актуелниот проект за субвенционирање на авиопревозници со цел овозможување на повеќе достапни услуги во областа на воздушниот превоз.

Претседателот на Европската конференција за цивилно воздухопловство, се заблагодарил за досегашната соработка која оваа организација ја има со Република Македонија и ги истакнал своите заложби дека во иднина соработката треба да се зацврстува.