Премиерот Груевски во посета на Данска

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, кој што го предводи владиниот тим во чиј состав се заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции, г-дин Веле Самак, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, г-дин Христијан Делев, денеска (четврток, 7 јуни 2012 година) престојува во Копенхаген, Кралството Данска. 

Во Копенхаген претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски ќе оствари средби со премиерот на Кралството Данска, г-дин Хелен Шмит, со претседателот на Парламентот на Кралството Данска, г-дин Могенс Ликетофт, како и со претседателот на Данск Индустри, г-дин Ди Карстен Дибвад.

Владиниот економски тим ќе оствари работна посета на компанијата Донг Eнерџи, а ќе присуствува и на бизнис форум на кој ќе ги претстави инвестициските потенцијали на Република Македонија пред заинтересираните дански компании.