Попоски во Европарламентот: Македонија ги спроведува сите реформи, европските институции треба да го наградат тоа

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски, денеска имаше обраќање на отворањето на Десетиот состанок на заедничкиот парламентарен комитет на македонското Собрание и Европскиот парламент.

Во својот говор, министерот Попоски посочи дека наметнатиот спор од страна на Грција за името не и дозволува на Македонија да напредува и да го започне процесот на пристапни преговори во ЕУ. Но, според него, Македонија гради конструктивна атмосфера со спроведување на реформите и укажување на насоките од Европскиот парламент во неговите извештаи. Поради таквиот принципиелен пристап, ЕП е најпочитувана европска институција, истакна Попоски, според кого би било од исклучително значење ако на Самитот на Европскиот совет, кој на 28 и 29 јуни ќе се одржи во Брисел, биде направен исчекор да и се овозможи на Македонија да го почне процесот на преговори уште годинава.

- Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е значаен елемент кој би бил од помош во оваа куќа каде почитувањето на правото е клучен постулат, да констатираме заемна обврска и правна рамка која ќе гарантира дека ќе нема понатамошни попрачувања во процесот на евроатлантските интеграции на Македонија. Процесот на преговори овозможува надминување на билатералните пречки. Приклучувањето на Хрватска во ЕУ се случи низ процесот на преговори, каде се овозможи позитивна клима која придонесе за надминување на билатералниот спор со Словенија. Тоа е позитивен модел и констурктивна методологија за помош во процес на интеграции, додаде Попоски.

Посочи дека македонската Влада покажува иницијативност и конструктивност за теми што се поврзани со европските прашања и го поздрави фактот што денеска, првпат се случуваат експертски консултации меѓу преставници на македонското и грчкото МНР во Атина. Според него, настан од ваков тип и соработка меѓу двете министерства е сигнал дека може и поинаку да градиме билатерални односи.

- За Владата на Македонија е многу значаен почетокот на Високиот пристапен дијалог, инструмент кој не е замена за пристапните преговори, но  е многу корисен за фокусирање на нашите реформски напори во сегменти кои се значајни за членство на Македонија во ЕУ. Со овој дијалот, ние сме фокусирани на на пет области: владеење на правото, слобода за изразување и на медиумите, реформа на јавната администрација, изборна реформа и пазарна економија. Исцртавме поголем број на мерки кои ќе ги оствариме и постојано комуницираме со ЕУ и ги информираме нејзините земји-членки што правиме, псоебно што во услови на кризна година, резервиравме буџетски средства за реализација на сите мерки, што гарантира и нивна имплементација. Во делот на нашите напори, крупен исчекор е фактот што ги подобруваме перформансите во сите клучни сегменти кои Европската комисија ги видела како важни во процесот на проширување на ЕУ, појасни министерот Попоски, според кого во процес е преговарањето на Владата и Здружението на новинари на Македонија за декриминалзиација на клеветата и навредата.

Министерот го истакна и делот на судството, каде посочи дека Македонија е посветена на развојот, веродостојната судска статистика за ефикасно судство, а за антикорупциските мерки, рече дека се менува законодавството за посебните истражни мерки и значајот од спроведувањето на Рамковниот договор, успешноста на меѓуетничките односи што обезбедува посветла иднина. Министерот ја најави и реформата на јавната дминистрација, подготовката на новиот закон за администрација, со нагласување на аспект на заслуги од аспект на регрутирање и напредување на карирера во јавната администрација.

- Најважно е зајакнувањето на пазарната економија, за што Македонија заслужено ја очекува квалификацијата за функционална пазарна економија, што го оправдавме со иклучителната макроекономска полтика последниве десет години во Макединија. Ние се надеваме дека овие напори што ги вложуваме во Македонија дека соодветно ќе бидат вреднувани во есенскиот извештај на Европскиот совет и во оценките кои ќе дојдат од Европарламентот. Македонија конзистентно ги остварува целите и приоритетите и тоа треба да наиде на соодветно вреднување од страна на европските институции, тие да ги препознаат тие напрои и да инсистираат на задржување на кредибилитетот а тоа е проектот за мир, стабилност и просперитет на Европската унија, заклучи Попоски.

Шефот на македонската дипломатија по обраќањето пред Мешовитиот комитет, имаше билатерални средби со европарламентарците Ивајло Калфин и Елмар Брок (кој е и претседател на Комисијата за надворешни работи на ЕП - АФЕТ), со кои разговараше за евро-атлантските перспективи на Македонија и за ситуацијата во Европската унија. Попоски, попладнево треба да се сретне и со европратеникот Кристијан Вигенин.