Димовски: Со употреба на сертифициран семенски материјал до поголеми приноси кај пченицата

Кога ќе се спојат науката, праксата и технологијата резултетита се евиденти. Македонија не може да се пофали со некој исклучително добар принос  на пченица, но во Клечовце има двојно поголем принос во однос на просечниот и   ова треба да биде пример за сите земјоделци како треба да се насочува производството и во кој правец да се движи. Има добри професори, агрономи, пракса и  одлична поддршка од Министертвото и Владата преку директна финансиска поддршка за сите потреби на земјодлеците.

Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во обрачањето на манифестацијата „Ден на полето на житните култури“ во кумановското село Новосељане организирана од Друштвото за земјоделско производство Клечовце ДООЕЛ и земјоделската задруга „Агростарт“.

Тој додава дека сертифициораниот семенски материјал мора да се користи и дека има мерка која директно е насочена за употребата на таков материјал.

- И понатаму ќе продолжиме со оваа мерка, зашто таа е еден од условите  за просперитет на македонското земјодлество, потенцираше министерот.

Димовски појаснува дека земјоделците кои во производството ќе употребат сертифициран семенски материјал покарј 9.000 денари по хектар ќе добијат дополнителни 3.000 денари субвенција

- Триесет проценти поголема субвенција е предвидена за органските производители на житни култури, а голема е и поддршката која и за оваа категорија земјоделци државата ја дава преку мерките за осигурување на производството, за  заштита на земјоделското земјиште, за воведување на повисоки стандарди на квалитет на земјоделските производи како и поволностите кои се однесуваат на жените земјоделци и на младите фармери, рече минстерот Димовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за заштита на домашното производство на пченица тој рече дека од Министертвото ја следат состојбата.

  • Ние имаме доволно количество пченица за да ги задоволиме потребите на пазарот, но дел од таа пченица се користи како сточна храна, а во одредени региони има многу низок принос. Земјоделците ќе треба да размислат за менување на културата. Од друга страна, ние во соработка со ФАО започнавме со подготовка на педолошката карта, со која ќе можеме да ги советуваме земјоделците која култура е најсоодветна за одгледување во одредени региони. Во тој дел ќе ги креираме субвенциите, политиката на субвенционирање, каде има максимални услови за одгледување житарици ќе ги сти
  • мулираме земјоделците уште повеќе да произведуваат зашто пченицата и во светски рамки е стратешка култура, рече министерот.

Во соработка со Министертвото за економија се планира освен заштита на земјоделците да се заштити и мелничарско-пекарскиот сектор. - Не би сакале еден значаен сектор во делот на прехраната на населението да остане на страна на сметка на интересите на  група трговски компании кои сакаат да ги задоволат своите интереси на штета на целиот сектор, рече министерот Љупчо Димовски.

Манифестацијата „Ден на полето на житните култури“ е традиционална и има за цел промоција на земјоделско производство со користење на сертифициран семенски материјал.