Активности на министерот Попоски во Европскиот парламент

На 7 јуни во Брисел, министерот Попоски учествуваше на Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија. Состанокот го водеа ко-претседавачите Кенан Хасипи и Јорго Шацимаркакис, а учествуваа пратеници од Собранието на Република Македонија и пратеници од Европскиот парламент.

Министерот Попоски имаше обраќање на Мешовитиот парламентарен комитет во име на Владата на Република Македонија. Тој се осврна на актуелните состојби во евроинтеграцијата на Република Македонија во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија и потребата од што поскоро отпочнување на пристапните преговори.

На состанокот пратениците разгледаа повеќе прашања во врска со односите помеѓу Република Македонија и Европската унија, со акцент на Пристапниот дијалог на високо ниво, меѓуетничките односи и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, реформите во судството и јавната администрација, слобода на изразување во медиумите како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Покрај ова разгледана беше и економската состојба во земјата во контекст на стратегиите на Владата на Република Македонија за надминување на моменталните предизивици како и можноста за поголемото искористување на ЕУ фондовите во делот на регионалното управување со отпад и алтернативните извори на енергија.

На крајот на состанокот беа усвоени Заеднички препораки во кои меѓу другото уште еднаш се повикува Советот на Европската унија да ја уважи препораката на Европската комисија и да донесе одлука за започнување на пристапните преговори помеѓу Република Македонија и Европската унија, и се нагласува обврската на Грција да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата.