Премиерот Груевски во посета на Норвешка

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски, кој што го предводи владиниот економски тим во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Христијан Делев, денеска (петок, 8 јуни 2012 година) престојува во Осло, Кралството Норвешка.

Во рамки на посетата на Осло предвидена е средба на претседателот на Владата Никола Груевски со премиерот на Кралството Норвешка, Јенс Столтенберг.

Исто така, владиниот економски тим ќе присуствува и на бизнис форум на кој ќе бидат претставени економските и инвестициските потенцијали на Република Македонија пред повеќе заинтересирани норвешки компании, а предвидено е и одржување на поединечни средби со неколку од нив.