Владата на Република Македонија ќе испрати 100 илјади евра за настраданите во земјотресот во Турција
С О О П Ш Т Е Н И Е
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да се испрати парична помош во износ од 100.000 евра како финансиска поддршка за настраданите и санирање на големите штети предизвикани од тешкиот земјотрес во Република Турција.
Воедно, Владата го задолжи министерот без ресор, г-дин Хади Незир, да ги продолжи контактите со Амбасадата на Република Турција во Република Македонија со цел да се види потребата од турска страна за дополнителен вид на техничка помош што Република Македонија би можела да ја испрати во турската провинција Ван каде што се случи катастрофалниот земјотрес.
Со оваа одлука на Владата, Република Македонија уште еднаш ја покажува својата солидарност со земјите кои се соочуваат со тешки природни катастрофи.