Средба Арифи - Рикер во Софија

САД ја поддржуваат евро-атлантската интеграција на Македонија, го повторил американскиот став заменик помошник државен секретар на САД Филип Рикер на денешната средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи на маргините на конференцијата „Балканот во глобализираниот свет: Поттикнување на европската агенда на регионот“ што се одржува во Софија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на средбата, Арифи информирала за статусот на реализација на активностите поврзани со европската интеграција на Република Македонија. Таа особено се осврнала на досегашната имплементација на мерките во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво.