МОН: Средношколците полагаа мајчин јазик, како прв дел од државната матура

Министерството за образование и наука Ве информира дека денес, 9 јуни 2012 година, 5-та година по ред се спроведува задолжителниот дел од државната матура при што беа опфатени 97 јавни средни и 7 приватни средни училишта во Република Македонија за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. 

Вкупниот број на пријавени кандидати изнесува 19.052 ученици. Денеска, мајчин јазик полагаа 12.736 ученици по македонски јазик и литература, 5.791 по албански јазик и литература и 411 по турски јазик и литература.

Тестирањето започна во 10:00 часот и се одвиваше без прекини и заврши во предвиденото време во 14:00 часот.

Тестирањето за изборниот предмет ќе се спроведе на 12 јуни (вторник) 2012 година. За изборниот предмет од екстерниот дел на државната матура пријавени се 16.751 кандидат за странски јазик, 2.208 - математика, 62 за естетика и 24 кандидати за филозофија.