Јанкулоска: Контролата на нелегалните однесувања ќе се одвива на секој сантиметар од државата

СВР Теово и Управата за јавни приходи  ноќеска запечатија седум објекти за игри на среќа кои не ги исполнуваат законските услови за работа во Тетово и Гостивар, информира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Таа по посетата на охридсктот село Белчишта одговрајќи на новинарско прашање истакна дека во продолжението од акцијата „Детонатор“ на подрачјето на СВР Тетово биле исконтролираи 10 објекти за игри на среќа.

- Во оваа акциска контрола откриени и запленети се 128 апарати за приредување на игри на среќа, маси за рулет и за покер, изјави Јанкулоска, нагласувајќи дека ова е само продолжение на континуираните активности за одговор на сите нелегални однесувања.

Операцијата „Детонатор“ посочи министерката, нема да запре и контролите ќе продолжат континуирано.

- Во минатото имаше секакви шпекулации дека акцијата е локализирана и одредени подрачја не се предмет на интерес на институциите, но со оваа акциска контрола која ја имавме заедно со УЈП потврдуваме дека контролата мора да се одвива и ќе се одвива на секој сантиметар на територијата на Република Македонија, подвлече Јанкулоска.