Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, учествуваше на работен ручек со светската бизнис и политичка елита, во организација на Светскиот економски форум во Њујорк. На собирот учествуваа високи претставници на политичко ниво од земјите од Г7, Европа, Азија и регионот, како и на водечки светски мултинационални компании, меѓу кои на Амазон, Мастеркард и други.    

На ручекот се разговараше за начините за зајакнување на основната доверба неопходна за унапредување на заедничката глобална агенда во сегашниот предизвикувачки геополитички контекст, во којшто е потребно да се одржи и постигне напредок за критичните економски, еколошки и општествени приоритети.

На ручекот, премиерот Ковачевски оствари повеќе значајни контакти во насока на воспоставување или продолжување економска соработка.