Попоски: Шпанија сака да ја види Македонија во еврoпското семејство

Шпанија сака да ја види Македонија во европското семјество, а причина повеќе е должничката криза со која се соочува Европа, изјави министерот за надворешни работи Никoла Попоски по денешната средба со неговиот домаќин Хозе Мануел Гарсија Маргајо, во рамки на еднодневната работна посета на Мадрид.

- Од Кралството Шпанија останува посветеноста Балканот да се види како дел од европското семејство и тоа е значајно кога доаѓа како порака од четвртата најголема економија во еврозоната. И покрај тоа што Шпанија е релативно далеку од Балканскиот полуостров смета дека со сегашната криза потврдена е потребата за солидарност, за консолидација и за создавање на една зона на солидарност во Европа во која ќе бидат вклучени и земјите од Балканот, рече Попоски.

Тој потсети дека Шпанија е земја која била соочена со сериозни потешкотии во приклучувањето кон ЕУ, така што, подвлече, имаат многу добро разбирање за фрустраците со кои ние се соочуваме.

Двајцата министри се согласиле дека проширувањето на ЕУ не смее да биде во сенка на должничката криза и оти сите имаат интерес таа да се надмине, а особено Мадрид кој со посебен интерес ги следи случувањата во Грција.

- Констатравме дека во овие услови ЕУ е способна да посвети помалку енергија на проширувањето, но сметаме дека е исклучително важно да не дозволиме да биде засенето проширувањето на агендата од страна на оваа сериозна криза со која се соочуваме. Сите имаме интерес оваа должничка криза да добие позитивен контекст. Очите се свртени кон изборите во Грција. Сакаме сите да видиме еден позитивен развој таму. Силни сигнали дека сме посветени на градење мостови, на поддржување на регионот да биде просперитетен и стабилен. Мислиме дека Грција е навистина во еден клучен момент во кој се соочува со сериозен предизвик во кој може да покаже силна посветеност на исполнување на европските цели – интеграција и поддршка за своите соседи во тоа семејство, рече шефот на македонската дипломатија.

Во престојниот период, како и досега, додаде Попоски, Македонија ќе продолжи да гради конструктивна клима.

Инаку, за време на средбата шефовите на дипломатиите на двете земји, прва по 2006 година, се осврнале и на можностите за унапредување на билатеарлните односи, особено во делот на економската соработка, која во моментов изнесува околу сто милиони евра избалансирана размена. Во таа насока постигнале договр за организирање бизнис форуми за поврзување на бизнисмените меѓу двете земји.

Министерот Попоски попладнево ќе има обраќање насловено „Македонија и ЕУ“ во институтот Реал Ел Кано, а ќе се сретне и со Жозеп Дуран и Љеида престедател на Комисијата за надворешни работи на Конгресот на пратениците на шпанскиот Парламент.