„Обезбедувањето пристап до социјалните станови е камен-темелник на нашата посветеност. Владата која ја предводам изминативе години, со доделувањето на социјални станови на ранливите категории граѓани, создаде услови, секој без разлика на околностите, да има сигурност и достоинствено место за живеење, да има свој дом“, истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска на доделувањето на социјални станови за 45 семејства од Неготино.
„Градењето социјални станови ја одразува нашата посветеност на поттикнување на инклузивни заедници и обезбедување стабилност за ранливите категории граѓани. Неизвесноста која ја носат промените предизвикани од случувањата во светот, кризите, како Влада не дозволивме да бидат терет за нашите граѓани. Реалноста е дека економската криза доведе до огромна социјална несигурност насекаде во светот. Свесен бев од почетокот на кризата, дека за Владата што ја предводам, еден од приоритетите треба да биде грижата за најранливите категории на граѓани. Наша цел како Влада е секогаш да бидеме поддршка и поткрепа на немоќните лица, самохраните родители, граѓаните кои се со привремени вработувања, социјално ранливите. Пред неколку недели го донесовме деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра и содржи 26 мерки за поддршка за ранливите категории на граѓани, за пензионерите, студентите, за компании, како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза“, изјави претседателот на Владата, Ковачевски.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека фокусот на Владата е на социјално станбената политика и во иднина ќе продолжи проектот за изградба на нови згради и во други општини како одговор на барањата од граѓаните.
„Целиот овој период вложивме огромни напори да им помогнеме на општините, на граѓаните, посебно на оние ранливи семејства кои својата надеж за подобар живот ја гледаат во проектите како овој - изградба на социјални станови. Обезбедување на подобри и подостоинствени услови за живот се прашања за кои не постојат дилеми. И знам колку со нетрпение го чекавте овој голем ден за сите вас. Секој еден граѓанин заслужува дом, заслужува подобри услови за живеење, особено сега во овие времиња полни со предизвици", рече Бочварски.
„Становите во Неготино се еднособни и двособни со површина од 35 до 45 м2", истакна директорот на АД за изградба и стопанисување со станбени и деловни објекти од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев.
„Заедно, во соработка со Владата и со Министерството за транспорт и врски остануваме доследни на нашата цел да обезбедиме дом на оние на кои им е неопходна помош. Целта е заедничка – поквалитетни, достоинствени услови за живеење и подобра иднина за сите, што е доволен мотив наскоро повторно заеднички да присуствуваме на ваков чин во друг град", рече Ѓоргијев.
Изминативе години изградени се или во фаза на изградба се над 860 социјални станови во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Неготино. Социјални станови ќе добијат и ранливи категории граѓани во Велес, Бутел, Дебар и Кочани.
Ковачевски во Неготино: Владата секогаш ќе биде поткрепа и поддршка на најранливите категории граѓани
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Неготино, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за изградба на станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев присуствуваа и се обратија на настан по повод доделување на клучеви од социјални станови на 45 семејства од Неготино.
Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:
„Драго ми е што сум денеска во Неготино и што сум дел од овој посебен ден за сите вас. За прв пат, во Неготино е направена колективна станбена зграда, која денеска ја пуштаме во употреба и мислам дека клучевите од домовите ќе бидат најубавиот новогодишен подарок, за вас почитувани граѓани и поттик за понатамошни животни успеси во новата 2024 година. Денеска сите заедно ја споделуваме среќата на 45 семејства, на кои им овозможивме социјален стан.
Тие долги години чекаа на свој дом, долги години најголемиот дел од нив беа под кирија, меѓутоа од денес за нив почнува нов живот во свој сопствен дом, во кој ќе можат заедно со своите дечиња да го планираат својот живот.
Обезбедувањето пристап до социјалните станови е камен-темелник на нашата посветеност. Владата која ја предводам изминативе години, со доделувањето на социјални станови на ранливите категории граѓани, создаде услови, секој без разлика на околностите, да има сигурност и достоинствено место за живеење, да има свој дом.
Изминативе години изградени се или во фаза на изградба се над 860 социјални станови во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија. Социјални станови ќе добијат и наши сограѓани од Велес, Бутел, Дебар и Кочани.
Денеска свои станари ќе добие новиот станбен објект во Неготино. Градењето социјални станови ја одразува нашата посветеност на поттикнување на инклузивни заедници и обезбедување стабилност за ранливите категории граѓани.
Неизвесноста која ја носат промените предизвикани од случувањата во светот, кризите, како Влада не дозволивме да бидат терет за нашите граѓани. Реалноста е дека економската криза доведе до огромна социјална несигурност насекаде во светот. Свесен бев од почетокот на кризата, дека за Владата што ја предводам, еден од приоритетите треба да биде грижата за најранливите категории на граѓани.
Наша цел како Влада е секогаш да бидеме поддршка и поткрепа на немоќните лица, самохраните родители, граѓаните кои се со привремени вработувања, социјално ранливите. Пред неколку недели го донесовме деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра и содржи 26 мерки за поддршка за ранливите категории на граѓани, за пензионерите, студентите, за компании, како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.
Со овие мерки се опфатени 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 180.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, 600.000 домаќинства со субвенционирана електрична енергија и над 70.000 компании исто така со субвенционирана цена на струја. Пакетот содржи и системски мерки со кои за 2023 и 2024 година се опфатени над 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавен сектор.
Во пакетот 2,7 милиони евра се предвидени за 16.741 граѓани, корисници на надоместок заради попреченост, самохраните родители корисници на Гарантирана минимална помош и родителите на деца со попреченост до 26 години.
Оваа група граѓани во наредните 5 месеци ќе добиваат по 2.000 денари месечно.
И оваа година исто како и лани, предвидени се мерки за поддршка и заштита на стандардот на пензионерите со најниски пензии, како и за учениците и студентите од семејствата од социјално ранливи категории на граѓани. Мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците се во вредност од 156 милиони евра.
Ние ги слушаме и ги решаваме проблемите на граѓаните, без разлика дали доаѓаат од поголеми или помали места во државата сите граѓани подеднакво заслужуваат добар живот.
Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во изведбата на ова навремено направена зграда. Благодарам и на пратениците во Собранието кои доаѓаат од овој крај од Неготино, Кавадарци, кои секогаш ги истакнуваат проблемите па и решенијата за тоа што е потребно за Неготино и Кавадарци. Затоа сакам и за нив да изразам една благодарност.
Уште еднаш посакувам на новите станари многу среќа, многу здравје, да ги следат убави моменти во животот. Посакувам среќни новогодишни и божикни празници!“.