7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ", бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.