Груевски: За три дена исплатени 406 милиони денари субвенции за земјоделците

Во последните три  дена Владата исплати околу 400 милиони денари или 6,5 милиони евра субвенции на земјоделците. Тоа  е за 25 проценти провеќе од тоа што го иплаќаше СДСМ, ама за цела година.

Тоа го истакна денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги обвинувањата од опозициската СДСМ за доцнење во исплатата на субвенциите во земјоделството.

Според Груевски, многу е чудно што СДСМ си дозволива да дава такви  коментари затоа што исплаќала само пет милиони евра годишно за субвенции, а  Владата за три дена  исплаќа 6,5 милиони евра, а  годишно 130 милиони евра.

- Можеби некаде нешто се задоцнило, но сега зборуваме за задоцнување од  два, три, пет или десет дена, но за сума од 130 милиони евра, а во времето на СДСМ  зборувавме за задоцнувања но за пет милиони евра. Разликата е огромна, наведе Груевски, по промоцијата на нови наслови во читалната во ГТЦ, дел од владиниот проект за превод на стручни книги.

Кај СДСМ, смета, постои  неконзистентност. - Од една страна не критикуваа зошто  даваме толку средства за земјоделците и не нарекуваа селанско земјоделска  партија со црковно конзервативна провениенција, а сега ги гледам  одат и спијат по селски куќи велат дека сме задоцниле за субвенции. Всушност ги презираа и омаловажуваа нашите политики зошто сме давале толку многу за земјоделците и за субвенциите. Ќе  продолжиме и во иднина максимално да вложувале во земјоделството  онака како што сме ветиле. Можеби ќе се задоцни нешто, но важно е дека ќе биде исплатено и земјоделците ќе го одбијат она што им било ветено, рече Груевски.

Покрај исплатените субвенции за лозарите, за овошните насади..., наскоро, најави, ќе бидат исплатени субвенции и на тие што не добиле.

- Ќе се потрудиме најголем дел од работите да  бидат исплатени во рок или со некое многу  мало задоцнување од неколку дена и во овие тешки услови кога повеќето  држави кратат на пензии, на социјална помош, на плати ние не си дозволивме да скратиме од ништо иако СДСМ јавно повикуваа да се крати од субвенциите за земјоделците, на пензии, плати, социјални надоместоци....,  истакна Груевски.