Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, заедно со заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и им оддадоа почит на хероите кои што учествуваа во антифашистичката борба и на нивните дела.