Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџак.
На средбата беа разменети ставови за тековните прашања, како и за напредокот во имплементацијата на целите за одржлив развој.
Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на соработката со Обединетите нации за подобрување на квалитетот на живот и стабилноста на земјата. „Обединетите нации се важен партнер. Нивната поддршка е од големо значење за реализирање на целите за одржлив развој. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на заедничките вредности,“ изјави Мицкоски.
Росана Дуџак ја потврди посветеноста на Обединетите нации за продолжување на одличната соработка со институциите и изрази подготвеност за поддршка во клучните проекти што се предвидени во наредниот период.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.