Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри.
На средбата беа разменети мислења за тековните прашања, како и за процесот на интеграција на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на соработката со Италија, истакнувајќи дека поддршката од италијанската страна е од големо значење за развојот и стабилноста на нашата земја.
Амбасадорот Силвестри ја потврди посветеноста на Италија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.