Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при својата неколкудневна посета на САД, денес оствари предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко.
Најголем приоритет на владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротива ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцира Мицкоски.
Претседателот на Владата истакна дека трите најважни паларии ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата. Премиерот соопшти дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2% доверба меѓу граѓаните.
Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротива би потфрлиле, кажа Мицкоски.
Тој даде јасно до знаење дека ќе се бори, ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда.
Премиерот Мицкоски се осврна и на ветото на Бугарија. Тој истакна дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни, македонските граѓани премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.
Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, изјави Мицкоски. Од друга страна Мицкоски се задржа и на актуелното прашања со Украина.
Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот, истакна Премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и Украинскиот народ.