Груевски: Граѓаните ќе ја поразат опозиција на купче

Премиерот Никола Груевски смета дека граѓаните на овие избори ќе ја казнат и поразат здружената опозиција во најава.

- Додека опозицијата зборува за фронтови, како да се во 45-та, ние зборуваме за проекти, ние зборуваме за исполнување на ветувања, ние зборуваме за посветеност и за одговорност. Тие зборуваат за источен фронт, за широк фронт, за не знам каков фронт... Второ, ќе ми биде посебно задоволство, здружувањето од една страна на Црвенковски, Андов и Тито Петковски и од друга страна Георгиевски и Стојанче Ангелов и остатоците од партијата на Бошковски.... Може и Мендух Тачи... Сите заедно на куп да си го чујат мислењето на граѓаните на Република Македонија. На купче. Да видат што направиле, каква доверба имаат, колку луѓето го ценат тоа што го сработиле во животот и да видат дали луѓето забораваат или не, рече премиерот Груевски во интервју за емисијата „Икс Нула“ на Канал 5 телевизија.